Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос проговори за својата иднина и истакна дека сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ до крајот на договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германскиот интернационалец беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед во летото 2014 година, но на крајот избра да замине во „кралскиот“ клуб, а сега вели дека не може да замисли трансфер во Англија.
„Јас имам договор уште три години со Реал Мадрид и дефинитивно размислувам да го исполнам. Тогаш ќе наполнам 33 години и ќе биде добро време да видам на какво физичкото ниво сум, како сум мотивиран и дали се уште сакам да продолжам. Ако се уште сум на доволно добро ниво и ми се нуди да останам уште една година, би можел да се согласам. Но, трансфер во Англија, во првенство кое е бара многу на физички план, не можам да замислам како ќе го направам тоа на 33 години“, истакна Крос.