Дома Трансфер зона Крос донел одлука – не сака да заврши како Марсело!

Крос донел одлука – не сака да заврши како Марсело!


Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката со германскиот фудбалер Тони Крос, но тој не е сигурен дека сака да остане во екипата.

Крос има договор до 30 јуни 2024 година, а „Марка“ пишува дека германскиот фудбалер не сака да дозволи целосен пад на формата пред да замине од Реал Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Крос не сака да му се случи истото што и на Марсело минатата сезона. Тој сака да го напушти клубот додека е важен играч“, пишува шпанскиот медиум.

Германецот во „кралскиот клуб“ игра веќе една деценија, односно од 2014 година, а притоа настапи на 440 натпревари и постигна 28 голови, а освои и 19 титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…