Дома Фудбал Англија Кристиано Роналдо најдобар играч во историјата на Манчестер Јунајтед – избран и најдобриот гол! (Видео)

Кристиано Роналдо најдобар играч во историјата на Манчестер Јунајтед – избран и најдобриот гол! (Видео)

На официјалната страна на Манчестер Јунајтед беше одржано гласање за најдобар играч на овој клуб на сите времиња, право на глас имаа само пријавените навивачи на клубот од „Олд Трафорд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ во последното коло од Премиер лигата го совладаа Вотфорд во 1.000 натпревар во најсилниот ранг на англискиот фудбал. По повод таквиот јубилеј клубот одлучи да направи анкета во која се избираше најдобриот играч на Манчестер Јунајтед во историјата, а конкуренцијата беше навистина жестока.

За оваа награда се бореа Кристиано Роналдо, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Сер Боби Чарлтон...Можеби на изненадување на многумина на крајот победи Роналдо.

Португалецот добие 24% од гласовите пред Гигс кој имаше 21%. Роналдо во Манчестер Јунајтед настапуваше шест сезони, а во 2008 година го предводеше овој клуб до титулата во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, навивачите на Манчестер Јунајтед го избираа најдобриот гол во историјата на клубот, а наградата во оваа конкуренција ја освои Вејн Руни со ножичките против Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …