Дома Фудбал Кристенсен се прости со Челзи, следните денови потпишува за Барселона

Кристенсен се прости со Челзи, следните денови потпишува за Барселона

Дефанзивецот на Челзи и дански репрезентативец, Андреас Кристенсен со емотивна порака се прости од клубот.

Кристенсен цели 10 години помина во Челзи, а сега заминува како слободен агент и кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

„Минав неверојатни десет години во Челзи. Но, сега сфатив дека е време за нов предизвик и семејството ме поддржа во тоа решение.Психолошки, не беше лесно да го напуштам Челзи, ова е тежок момент за мене“, изјави Кристенсен.

Данецот веќе потпиша за Барселона и на 1- јули официјално ќе биде претставен во каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски викенд за Амановиќ, во ноември ќе се бори и за Купот

Алекса Амановиќ со Ордабаси ја обезбеди шампионската круна во Казахстан на едно коло пред …