Дома Фудбал Италија Кристанте пристигна во Рома (фото)

Кристанте пристигна во Рома (фото)

Како што вчера беше најавено, Рома денес го комплетира третото засилување, а станува збор за Брајан Кристанте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристанте доаѓа на „Олимпико“ после фантастичната сезона во Аталанта, а „волчицата“ за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.

Меѓутоа, според формулата на трансферот Рома ова лето ќе плати само 5 милиони евра, а останатите 25 дури следното лето.

Кристанте кој беше мета на многу европски гиганти денес пристигна во Рим и позираше со шалот на Рома.

„Среќен сум што сум овде и што ќе играм за вака голем клуб. Не можам да дочекам да играм Лига на шампиони“, изјави Кристанте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чеферин со една реченица предизвика реакција на СП, па доби брз одговор!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, беше критикуван од…