Дома Фудбал Англија Кризен состанок во Челзи

Кризен состанок во Челзи

Менаџерот на Челзи, Грем Потер имал кризен состанок со некои од лидерите на тимот за да се разгледа моменталната ситуација во клубот.

Челзи има само една победа на последните десет меча во сите натпреварувања и ситуацујата станува алармантна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сините“ се моментално на 10-то место на табелата, па Потер свикал итен состанок на кој присуствувале Тиаго Силва, Аспиликуета, Ковачиќ и Жоржињо на кој било разговарано за проблемите на тимот.

Се разгледуваме разни варијанти за да се спреми слободното паѓање на тимот и што побрзо да им се вратат на победите.

„Мораме да се држиме сите заедно, да покажеме дека сме силни и повторно да го градиме она што го нема. Од самиот почеток знаев од каде дојдов и дека сето ова ќе биде многу тешко. Предизвикувачки и стимулирачки , но и многу тешко. Ја разбирам фрустрацијата на навивачите, но ја ценам и нивната поддршка. Искрено, се што се случува, секој наш пораз многу ме боли, страдам и јас, но и моето семејство“, изјави Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …