Сагата околу иднината на Алесандро Флоренци заврши, играчот денес потпиша нов договор со „волчицата“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Флоренци со новиот договор се обврза на верност кон Рома до 2023 година и конечно стави крај на долгомесечните преговори.
Неговиот договор истекуваше следното лето, но двете страни долго време не можеа да најдат заеднички јазик, па се шпекулираше со негово заминување.
Флоренци е дете на Рома и ќе остане најмалку до 2023 година,а според новиот договор годишно ќе заработува 3 милиони евра плус бонуси.
✍️ Alessandro @Florenzi rinnova fino al 2023! ?❤️#ASRoma pic.twitter.com/Ztw0EyGmHW
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 2, 2018