Дома Топ вести Крај на сагата, Осимен става потпис

Крај на сагата, Осимен става потпис

Напаѓачот на Наполи и најдобар стрелец во Серија А, Виктор Осимен е на добар пат да го продолжи договорот со италијанскиот шампион.

Осимен блесна минатата сезона и со своите настапи му донесе Скудетото на Наполи, но и интерес од многу европски гиганти.

Наполи не сакаше да слушне за продажба за сума под 150 милиони евра и веднаш се обиде да го „блиндира“ со нов договор.

Последните информации од Апенините се дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката и агентот на Осимен денес пристигнува во Неапол за да се договорат последните детали.

Осимен ќе стави потпис на нов договор до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата па по сезона ќе заработува 6,5 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…