Дома Фудбал Крај на кариерата за легендарниот фудбалер на Каталонците

Крај на кариерата за легендарниот фудбалер на Каталонците

Легендата на Барселона, Чави Ернандез призна дека на крајот на следната сезона ќе и стави крај на својата играчка кариера.

37-годишниот играч за врска има договор со екипата до крајот на летото 2018. година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е мојата последна сезона како играч, но ќе останам во фудбалот. Планирам да бидам тренер, но се уште не можам тоа да го правам, Не сакам никого да изневерам, имам уште многу да научам за да бидам тренер. Ја познавам методологијата, но неопходно е да научам како да го користам своето знаење“, истакна Чави, пренесува АС.

Легендата на тимот од „Камп Ноу“ се прослави во младинската селекција. До 2015. година одигра 767 натпревари за првиот тим на Каталонците и постигна 85 погодоци. Со Барселона освои осум трофеи во шпанското првенство, како и четири титули во ЛШ.

Во Ал Саад замина во 2015. година, а изминатата сезона одигра 23 натпревари, постигна девет погодоци и имаше 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…