Дома Трансфер зона Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал Мадрид

Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал Мадрид

Лука Модриќ е поблиску до заминување, отколку до останување во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 37 годишен играч игра одлично и оваа сезона, но најверојатно двете страни ќе одлучат да се разделат на крајот на сезоната.

Реал веќе бара врвен играч за врска кој ќе биде замена за Хрватот, а Модриќ не сака да го продолжи договорот, а да биде резерва.

Поради тоа тој е блиску до заминување од „Сантиаго Бернабеу“, а доколку тоа се случи фаворит за неговиот потпис е Ал-Наср.

Клубот од Саудиска Арабија веќе испратил богата понуда и сака да го има во тимот Модриќ заедно со Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…