Дома Останати Кралот Федерер испиша историја – ја освои 20-та круна! (видео)

Кралот Федерер испиша историја – ја освои 20-та круна! (видео)

Роџер Федерер продолжува да испишува историја во тенисот. Швајцарецот денес стигна до 20-та Грен слем титула откако во финалето на Австралија Опен го победи Марин Чилиќ со 6-2 6-7 6-3 3-6 6-1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Федерер ова беше 6-та титула на отвореното првенство во Австралија со што се израмни со Рој Емерсон и Новак Ѓоковиќ, притоа стана највозрасниот шампион на турнирот во Мелбурн во опен ерата на тениската игра.

Федерер сервираше одлично, имаше 24 ас удари, поентираше на 80% од првите сервиси и на тоа ја градеше играта, додека Чилиќ одговараше со агресвни напади на бекхенд, па мечот го заврши со четири винери повеќе.

Меѓутоа, Хрватот многу повеќе грешеше, 24 топки повеќе ги испрати во аут или мрежа, што го чинеше и победа во клучните моменти од натпреварот.

Федерер е апсолутен рекордер на сите времиња со освоени 20 Грен слем турнири!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…