Стоперот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва бил шокиран откако неговиот дом бил мета на крадци кои си заминале со скапоцености во вредност од еден милион евра!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ПСЖ вчера играше натпревар со Нант кој „светците“ го добија со 1:0. Токму додека Силва го играл овој натпревар крадците си ја „завршиле“ работата.
Во овој момент полицијата во Париз работи на разоткривање на сторителите и засега не е јасно како се случил грабежот.
Посебно чудно е што Силва живее во елитен дел од Париз кој е добро обезбеден и ваквите работи се навистина реткост.
Бразилскиот стопер остана без накит, скапоцености и часовник кој имал вреднсот од 600.000 евра. Според проценките вредноста на целиот „плен“ на сторителите изнесува еден милион евра.
Ќе потсетиме, минатиот месец беше ограбен соиграчот на Силва, Чупо Мотинг.