Дома Фудбал Копија на Роналдо предизвика еуфорија во Торино

Копија на Роналдо предизвика еуфорија во Торино

Кога на аеродромот во Торино пристигна фудбалерот Армандо Ицо, играчот кој ќе биде претставен како новото засилување за клубот „Торино“, авионскиот персонал веројатно прелажан од неверојатната сличност во изгледот и стилот на Ицо со Кристиано Роналдо, ја пласираше веста дека португалскиот фудбалски ас пристигна во нивниот град.

Веста за „лажниот“ Роналдо веднаш се рашири на социјалните мрежи каде ја споделувааа фотографијата од Ицо како да е Кристиано. Периодов фудбалските фанови на „Старата дама“ ги тресе еуфоријата за трансферот на Кики во нивниот омилен клуб кој спортскиот свет го карактеризира како „трансфер на векот“, не поради сумата (замислете, дојде време 100 милиони евра да не се вртоглава сума за фудбалски трансфер), туку поради тежината на приказната и фамата која со себе ја носи Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…