Дома Топ вести Конфликт на релација Барса – Меси, клубот му порача на Аргентинецот: Нема да може!

Конфликт на релација Барса – Меси, клубот му порача на Аргентинецот: Нема да може!

Денеска од Шпанија пристигнуваат вести дека Лионел Меси донел одлука да ја напушти Барселона.

Наводно, Меси преку своите правни советници испратил факс до Барселона со кој ги известил дека сака да замине како слободен играч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, сега целата ситуација се претвара во конфликт на релација Барса – Меси.

Шпанските медиуми, пред се Спорт, пишува дека Барселона веќе одговорила на барањето на Меси и му порачала дека не може да дојде до едностран раскин на договорот.

Во Барселона се сигурно дека Меси нема право на раскин на договорот бидејќи рокот за активирање на клазулата која му го овозможува тоа истекла на 30. мај.

Меси и неговиот тим пак имаат став дека тој има право да го раскине договорот во рок од седум дена после финалето во ЛШ.

За сега Барселона нема намера да разгледува евентуални понуди за трансфер на Меси.

Да потсетиме, Лионел Меси во договорот со Барселона има откупна клазула од 700 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…