Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Ја превземам одговорноста за овој кикс

Конте: Ја превземам одговорноста за овој кикс

Антонио Конте ја превзема одговорноста за киксот на Интер на натпреварот против Славија Прага во ЛШ.

Интер очајно го одигра првиот натпревар во ЛШ и си ја искомплицира работата во групата во која се уште Борусија Дортмунд и Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Славија Прага играше сигурно на еден европски начин, агресивно и со интензитет“ – изјави Конте за Скај Спорт Италија и додаде:

„Не пронајдовме решение за Славија. Во други натпревари игравме против тимови кои беа затворени и ја чекаа нашата грешка, а Славија нас не нападна. Се боревме, но искрен да бидам, не сум задоволен од играта.“

„Морам да бидам првиот кој ќе ја превземе одговорноста бидејќи очигледно го немам резултатот кој го посакував. Можевме многу подобро, ова не е тип на фудбал кој требаше да го играме. Мораме да го подобриме карактерот. Ништо не покажавме, Славија не победи со борба, одлучност, темпо, интензитет…“ – додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…