Антонио Конте оваа сезона го „препороди“ Челзи и сигурно чекори кон титулата, но сака додатно да го засили тимот за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми тврдат дека италијанскиот менаџер веќе работи на новите засилувања, а при врвот на листата желби е играчот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.
Раководството на Челзи сака да му ја исполни желбата на Конте и наводно е спремно да и понуди на Борусија Дортмунд 70 милиони евра за потписот на гермнаскиот репрезентативец.
Ројс целосно се рехабилитираше од повредите, се врати во стартниот тим на „милионерите“ и поторно се враќа во својата препознатлива форма кога беше еден од најдобрите во Европа.
Германецот исто така е голема желба на Арсенал кој во него гледа идеална замена за Алексис Санчез, па следното лето сигурно ќе гледаме голема битка за потписот на 27-годишниот крилен напаѓач.