Дома Фудбал Лига на шампиони Конте по важната победа: Го победивме лидерот, живи сме!

Конте по важната победа: Го победивме лидерот, живи сме!

Со победата против Борусија Менхегладбах (3:2) Интер остана во борба за пласман во вториот круг од Лигата на шампионите.

Важна победа остварија вчера избраниците на Антонио Конте кој после мечот беше и тоа како задоволен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Во потполност заслужена победа. Можевме да ги избегнеме проблемите кои ги имавме пред крајот на натпреварот. Го победивме лидерот во групата и се уште сме живи. Им благодарам на играчите, имаа исправен став. Настапивме како вистинска екипа“.

„Лошо реагиравме пред крајот на првото полувреме, па на паузата анализиравме некои ситуации. На момците им беше потребна мојата поддршка, им кажав дека мораме да продолжиме во ист дух и дека мораме да се вратиме на нивото на кое бевме на почетокот на мечот. Знаев дека ако го направиме тоа ќе бидеме наградени, мило ми е што бев во право“, изјави стратегот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…