Дома Фудбал Останато Конте не оди дома по ремито во Лигата на Шампионите

Конте не оди дома по ремито во Лигата на Шампионите

Интер многу лошо влезе во сезоната од Лигата на Шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатот 1:1 против Славија Прага на „Меаца“ не задоволува никого, а особено не тренерот Антонио Конте. Овој стратег не е задоволен од она што неговиот тим го покажа на тој натпревар. Многу е нервозен, а „Tuttosport“ тврди дека вчера воопшто не си заминал дома.

По тренингот останал во тренинг-центарот. Таму спиел, се смирувал самиот себе си, но сигурно дека за него тоа била долга ноќ, бидејќи едноставно мора да најде решение за играта на својот тим. Исто така, ниту атмосферата во екипата не е баш најдобра. Имало неколку конфликти во тимот и ќе видиме како тоа ќе влијае на остатокот од сезоната.

Во првенството Интер за сега запиша три победи. Меѓутоа, игра далеку од добро и тешко дека со вакви настапи може да очекуваат да се борат за титулата со Јувентус и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар ремизираше со Ла Фиорита на подготовките во Италија

Македонскиот шампион Вардар одигра 1:1 против Санмаринскиот тим Ла Фиорита во пријателски …