Дома Фудбал Англија Конте му одговори на Ришарлисон: Кажа дека неговата сезона е ср*ње, па има право

Конте му одговори на Ришарлисон: Кажа дека неговата сезона е ср*ње, па има право

Toтенхем оваа сезона во Лигата на шампионите ја заврши во осминафиналето и поделени се мислењата дали стигнување до нокаут фазата беше добар резултат за овој тим

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елиминацијата во таа фаза секако не е шок, но фановите на овој клуб се убедени дека можеа да го елиминираат Милан. Тотенхем против „росонерите“ не постигна гол во 180 минути и двомечот беше решен со голот кој го постигна италијанскиот тим во првиот натпревар.

По елиминацијата атмосферата во Тотенхем не беше добра, а Бразилецот Ришарлисон изрази незадоволство што Конте не го игра во стартниот тим, па својата сезона ја нарече сра*е. Сега стигна одговорот и од италијанскиот стратег.

„Слушнав што кажа Ришарлисон и не сфатив зошто ме критикува мене. Кажа „мојата сезона е ср*ње и во право беше, не е доволно добар. Почна добро, потоа дојдоа повредите, па Мундијалот од каде што се врати разочаран затоа што Бразил не ја исполни целта. Потоа повторно се повреди и тоа сериозно. Мислам дкеа беше навистина искрен кога кажа дека неговата сезона не е добра“, истакна Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…