Дома Фудбал Останато КОНМЕБОЛ му одговори на Меси: Ова е неприфатливо!

КОНМЕБОЛ му одговори на Меси: Ова е неприфатливо!

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси синоќа одби да го прими медалот на Копа Америка и изнесе сеиозни обвинувања на сметка на Фудбалска федерација на Јужна Америка.

Меси тврди дека натпреварувањето е корумпирано, па од организацијата излегоа со реакција преку соопштение до јавноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Воопшто не е прифатливо, врз основа на поедини инциденти во натпреварувањето, во кое под истите услови учествуваат 12 екипи, да се изнесат тешки, неосновани и лажни обвиненија и да се доведе во прашање чесноста и регуларноста на Копа Америка “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

Од ова организација додаваат дека основата на фер-плејот е да се прифатат резултатите со почит, и дека истото важи и за процените на судењето на судиите, кои зависат и од човечкиот фактор и секогаш ќе бидат предмет на подобрувања.

Меси јавно ги обвини судиите по натпреварот против Бразил, дека Аргентина не добила два чисти пенали, но и дека целото првенство е наместено и дека домаќинот сигурно ќе биде шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…