Дома Фудбал Англија Компани не успеа да ги задржи солзите после натпреварот

Компани не успеа да ги задржи солзите после натпреварот

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа на свој терен го победија Лестер со 1:0 на коло пред крајот во англиската Премиер лига.

Граѓаните со овие три бода се вратија на лидерската позиција и пред последното коло имаат се во свои раце. Сити со победа ќе ја одбрани титулата, додека Ливерпул ќе се надева на кикс на гостувањето кај Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунакот на синоќешниот натпревар беше Винсент Компани кој беше единствен стрелец и тоа на спектакуларен начин. Белгијанецот го постигна голот на кариерата и му ја донесе на Сити една од најважните победи оваа сезона.

Компани изминативе години мака мачеше со повредите, но успеа да се врати. Колку му значеше овој погодок и целата поддршка од трибините најдобро покажува видеото кога пушти солзи после натпреварот додека ги поздравуваше навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…