Дома Фудбал Англија Кога момците на Клоп ќе се налутат: Ливерпул му даде седум гола на Кристал Палас 🎥

Кога момците на Клоп ќе се налутат: Ливерпул му даде седум гола на Кристал Палас 🎥

Ливерпул одигра фантастичен натпревар денес од 13:30 часот против Кристал Палас.

Против незгодниот Кристал Палас кој пред само две кола одигра 1:1 против Тотенхем Ливерпул денес победи со огромни 0:7 и тоа на гостински терен. Во првото полувреме Ливерпул водеше со 0:3 и оние кои го гледаа натпреварот знаат дека Кристал Палас не беше до толку надигран. Момците на Клоп ја искористија секоја посериозна шанса. Погодуваа Минамино, Мане и Фирмино.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во вториот дел домаќините како веќе да се откажаа, па преку Фирмино кој постигна уште еден гол, два Салах и еден Хендерсон „црвените“ запишаа триумф од 0:7.

Треба да се спомене дека Ливерпул овие седум гола ги постигна од осум удари кои одеа во рамките од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…