Дома Трансфер зона Ковачиќ му се понудил на Милан

Ковачиќ му се понудил на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ.

Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето, па ова ќе биде последна шанса за продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи го купи Енцо Фернандез во јануари, па јасно е дека минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па и тој е спремен да ја промени средината.

Ковачиќ сака да се врати во Серија А, а неговиот агент го понудил на Милан и почнал преговори со Малдини.

„Росонерите“ се заинтересирани за Хрватот и се спремни да понудат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …