Maтео Ковачиќ во последната недела ги искористите минутите дадени од Пеп Гвардиола, прво беше одличен во победата против Бормут, а потоа и постигна гол против Лутон во ФА Купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По подолго време за Ковачиќ тоа беше враќање во првиот состав. Уште од натпреварот на 31-jaнуари против Њукасл. Хрватот или беше на клупата и добиваше мала минутажа или воопшто не беше во составот.
Во претпоследното коло против Брентфорд доби само една минута, додека на двата претходни дуели со Евертон и Челзи не беше во составот.
Англиските медиуми сега пренесуваат дека Ковачиќ е блиску до заминување од Манчестер Сити, иако пред само една година „граѓаните“ за него платија 29 милиони евра. Причината е што Гвардиола сака во тимот да го доведе Џошуа Кимих, својот миленик од времето додека го водеше Баерн.