Дома Трансфер зона Ковачиќ ги договорил личните услови: Го напушта Челзи, но останува во Премиер лигата

Ковачиќ ги договорил личните услови: Го напушта Челзи, но останува во Премиер лигата

Фудбалерот за врска на Челзи, Матео Ковачиќ во текот ова лето како што стојат работите ќе го промени клубот, но ќе остане во Премиер лигата.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека репрезентативецот на Хрватска се договорил со Манчестер Сити и преостанува само уште клубовите да пронајдат заеднички јазик околу оштетата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Италијанецот тоа би требало да се случи по утрешното финале во Лигата на шампионите помеѓу Сити и Интер.

Челзи е спремен да го продаде искусниот играч за врска, а и Ковачиќ е спремен за нов предизвик во кариерата, посебно по лошата сезона на„Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…