Дома Фудбал Клуб кој може да испадне во шпанската трета лига се понуди да и помогне на Борусија за финалето со Реал

Клуб кој може да испадне во шпанската трета лига се понуди да и помогне на Борусија за финалето со Реал

По вчерашната победа на Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд го дозна својот противник за финалето на 1. јуни.

Победата на „кралевите“ ја обезбеди Хоселу со двата погодоци во завршницата од средбата. Во битката за трофејот, „милионерите“ ќе се обидат да го спречат Реал Мадрид да дојде до својата 15. титула во најелитното европско натпреварување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Откако стана јасно дека во финалето ќе играат Борусија и Реал Мадрид се огласи шпанскиот второлигаш Алокрон и се понуди да и помогне на Борусија.

„Борусија, ако ви треба совет за победа над Реал, тука сме. Знаеме и германски“, гласи пораката на шпанскиот клуб.

Овој тим во 2009 година го изненади Реал Мадрид во шпанскиот куп победувајќи го со 4:0, а денес се наоѓа на 19-тата позиција во шпанската втора лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…