Дома Фудбал Клоп: Јуве и Баерн може го потценија Виљареал, но ние сигурно нема

Клоп: Јуве и Баерн може го потценија Виљареал, но ние сигурно нема

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само пофални зборови за неговиот колега Унаи Емери и за големиот успех на Виљареал.

„Црвените“ утре ќе го играат првиот полуфинален натпревар во ЛШ против „жолтата подморница“, а Клоп потенцираше дека никако нема да дозволи да го потцени противникот.

„И претходно имав голема почит кон Емери, но ги гледав натпреварите со Јувентус и Баерн и останав импресиониран. Унаи е тренер кој е опседнат со деталите и се подготвува за сите ситуации. Може Јуве и Баерн да го потцениле Виљареал, но тоа нема да се случи со нас“.

„Ние сакаме да бидеме во финале, но истото важи и за нив. Знам дека ќе има моменти во кои ќе страдаме, но нема потреба да бидеме нервозни. Овој меч е специјален, со огромно значење. Има многу тренери и играчи кои даваат се за еден ден да играат во финале на Лигата на шампиони“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред заминување? Евертон веќе разговара со Јунајтед

Евертон и Манчестер јунајтед наводно отвориле разговори за Маркус Рашфорд пред јануари, но…