Минатата недела беше објавено дека Роберто Фирмино дефинитивно го напушта Ливерпул, тренерот Јирген Клоп сега потврди дека имал разговор со Бразилецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германскиот стратег не криеше, Фирмино ќе го гледаме во друг дрес наредната сезона.
„Разговарав со Боби, ми кажа дека си заминува. Морам да признаам дека малку ме изненади, можеби можеше поинаку се да се заврши, но тој така одлучи и ќе ја почитувам неговата желба. Ми беше мило за приемот кој го доби од навивачите кога влезе со Манчестер Јунајтед“.
Откри и каква желба имал.
„Единствена негова желба беше дека сака се да се заврши на позитивен начин. До крајот на сезоната ќе биде целосно посветен на тимот и тоа е очекувано од него. Сега не мислиме на простување, но сите знаеме дека навивачите ќе го паметат“, изјави Клоп.