Дома Трансфер зона Клоп: Никој не ми кажал дека Кутињо ќе замине во јануари

Клоп: Никој не ми кажал дека Кутињо ќе замине во јануари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одби да зборува за иднината на Филипе Кутињо пред дербито со Евертон.

Во последно време повторно се засилија шпекулациите за евентуален трансфер на Кутињо во Барселона, но Клоп тврди дека нема никаков повод да мисли за разделба во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Немам причина да мислам за такво нешто. Никогаш не зборуваме за трансфери. Што и да кажам, вие нема да престанете со вашите прашања, па поради тоа не сакам да одговорам. Тоа би било само губење време“, истакна Клоп.

„Нема што да се каже во моментов. Никој не ми соопштил дека Кутињо ќе замине во јануари. За мене ситуацијата е во ред. Зборувавме за тоа цело лето, немам желба да го правиме тоа пак“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…