Дома Трансфер зона Клоп нема да заврши со Алкантара: Ливерпул преговара со одличниот Португалец?

Клоп нема да заврши со Алкантара: Ливерпул преговара со одличниот Португалец?

Според информациите кои доаѓаат од Островот Ливерпул преодниот рок нема да го заврши со трансферот на Тијаго Алкантара кој денес беше официјално промовиран.

Наводно, англискиот шампион започнал преговори со играчот на Вулверхемптон, Диого Жота.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 23 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Вувлс. На Островот се пишува дека „црвените“ веќе започнале преговори.

Цената на овој трансфер би можела да изнесува околу 35 милиони фунти. Ако најавите се остварат Ливерпул со Жота ќе добие уште еден одличен играч.

Жота веќе три години е член на Вулвс. За овој клуб постигна 44 гола на 131 настап, претходно играше за Порто, Атлетико Мадрид и Пакос Фереира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…