Дома Трансфер зона Клоп „извиси“, Данецот ја избра Севиља!

Клоп „извиси“, Данецот ја избра Севиља!

Ливерпул ја изгуби трката за искусниот дефанзивец, Данецот ќе заврши во редовите на Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанска Севиља од денес ќе биде посилна во последната линија од тимот, Данецот, Симон Кјаер постигна договор со шпанскиот клуб.

Овој 28 годишен репрезентативец на Данска во претходните две сезони настапуваше за Фенербахче, а во наредната сезона ќе настапува за тимот од Андалузија.

Кјаер со Севиља потпиша договор на четири години, а се очекува шпанскиот гигант за неговите услуги да издвои 10 милиони евра. Претходно голем интерес за Кјаер покажа и Милан, но од италијанскиот гигант не пристигна официјална понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…