Дома Фудбал Италија Клоп: Жал ми е Конте, жал ми е Сари, но Лацио ќе го освои Скудето!

Клоп: Жал ми е Конте, жал ми е Сари, но Лацио ќе го освои Скудето!

Германскиот тренер и стратег на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Лацио ќе го освои Скудето оваа сезона.

Во италијанскиот шампионат не беше така интересно долго време. Интер, Јувентус и Лацио се борат за титулата и очекуваме жестока битка до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако многумина се уште најголеми шанси му даваат на Јувентус, Клоп смета дека оваа година титулата ќе ја освои Лацио.

“Навивам за Лацио да ја освои титулата. Имаме поранешен фудбалер на Ливерпул кој се бори за титулата (Лукас Леива). Чиро Имобиле исто така беше мој играч што го тренирав во Дортмунд. Жал ми е Конте, жал ми е Сари, но мислам дека Лацио ќе биде големо изненадување. Тие во моментов играат неверојатна сезона.“ – изјави Клоп за Раи Спорт.

Инаку, кога станува збор за титулите во Серија А, Јувентус е убедливо прв со 35 трофеи, додека Интер заедно со Милан се на второто место со 18. Тимот на Лацио досега има освоено само две Скудета, а според Клоп, на крајот на сезоната можат да го прослават третиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…