Дома Фудбал Англија Клоп: Ван Дајк прави целиот тим да игра подобро

Клоп: Ван Дајк прави целиот тим да игра подобро

Ливерпул на сигурен начин ја отвори новата сезона во Премиер лигата, три натпревари, три победи со гол-разлика 9:3, а утре во четвртото коло ги очекува уште еден натпревар во кој ќе бидат фаворити, Барнли.

Менаџерот Јирген Клоп денес го најави тој натпревар, а како една од главните причини за добрата игра на неговиот тим го истакна Вирџил Ван Дајк.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот во Ливерпул стигна во зимскиот преоден рок во сезоната 2017/2018 од Саутемптон за сума од 84.65 милиони евра, а во меѓувреме стана еден од најдобрите стопери во светото, а вчера беше избран и за најдобар играч во Лигата Европа за минатата сезона.

„Го обожавам Ван Дајк. Тој има спосовност да ги натера своите соиграчи да играат подобро, а секој добар играч ја има таа способност. Ако имаше физички силен и брз стопер кој е технички добар кој и да игра покрај него ќе профитира. Очекував да биде стопер од светска класа затоа и го плативме толку“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…