Австралиецот Ник Кирјос забележа голема победа против актуелниот шампион на УС Опен, Данил Медведев со 3:1 во сетови (7:6, 3:6, 6:3 и 6:2).




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кирјос со овој триумф уште еднаш покажа дека игра во фантастична форма, па иако Русинот беше фаворит тој се радуваше на победата. Со овој пораз на Медведев јасно е и дека ќе добиеме нов шампион на последниот гренслем турнир во годината.




Медведев исто така дефинитивно ќе го загуби првото место на АТП листата, а во зависност од настапот на турнирот таму ќе се најде некој од Рафаел Надал, Карлос Алкараз и Каспер Руд.