Дома Фудбал Останато Кинезите жестоко го нападнаа Меси

Кинезите жестоко го нападнаа Меси

Кинеските медиуми, политичари и навивачи го критикуваа Лионел Меси за неговото учество на вчерашниот натпревар во Јапонија, откако неколку дена претходно го пропушти пријателскиот натпревар во Хонг Конг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Државниот медиум „Глобал тајмс“ го обвини Меси и неговиот клуб Интер Мајами дека имаат „политички мотиви“ за да го „посрамат“ Хонгконг.

Аргентинската суперѕвезда ги разочара фановите откако не се појави на теренот во неделата пред преполниот стадион.

„Натпреварот во Хонг Конг беше единствениот во претсезоната во кој Меси не учествуваше. Се покренаа сомнежи за чесноста на Интер Мајами и самиот тој. Имаше луѓе кои патуваа 12 часа до градот само за да го видат“, напиша „Глобал тајмс“.

Целата ситуација дополнително се разгоре откако Меси настапи во соседна Јапонија, па фановите му порачаа дека повеќе не е добредојден во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар се раздели со двајца фудбалери!

По освојувањето на шампионската титула, Вардар продолжува со активностите околу формирањет…