Дома Фудбал Италија Киелини: Видал доаѓаше мртов пијан на тренинг

Киелини: Видал доаѓаше мртов пијан на тренинг

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини објави автобиографија во која раскажа многу скандалозни приказни.

Откако пред неколку дена крена „голема прашина“ со обвинувањата за Балотели и Филипе Мело, денес се појави скандалозна приказна за Артуро Видал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Киелини во автобиографијата открива дека Видал има проблеми со алкохолот и често доаѓал пијан на тренинг.

„Фудбалерот не е ѓавол или светец. Постојат само реални и лажни фудбалери. На пример, Артуро Видал сакаше да излегува и кога ќе се вратеше беше мртов пијан. Секој го знаеше тоа. Може да се каже дека алкохолот беше негова слабост. Како и да е, тоа не го доведува во прашање фактот дека тој е шампион и добра личност“.

„Се сеќавам на една претсезона. Бевме во Мајами. Тргнавме на тренинг, а него нигде го немаше. Моравме со сила да го дигнеме од кревет. Конте едвај чекаше да го избрка, како би покажал пример. Сепак, Артуро во полупијана состојба на тренинг беше подобар од сите нас“, раскажува Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…