Дома Трансфер зона Кежман бесен, демантира дека Милинковиќ-Савиќ сака во Јунајтед

Кежман бесен, демантира дека Милинковиќ-Савиќ сака во Јунајтед

Агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман ги демантираше информациите дека неговиот клиент сака трансфер во Манчестер Јунајтед.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми денес пренесоа наводна изјава на Кежман дека Милинковиќ-Савиќ има понуди од неколку клубови, но тој сака кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

„Тоа се лажни вести, не сум давал интервјуа во последно време. Некои новинари се неверојатни со своите измислици. Бесен сум, тоа е покажување на недостаток на респект кон мене, кон Лацио и секако, кон Сергеј“, изјави Кежман.

Српскиот фудбалер ова лето готово сигурно ќе го напушти Лацио, а за неговиот потпис се борат ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…