Дома Фудбал Катастрофата на славниот клуб. Бетониран на дното на табелата

Катастрофата на славниот клуб. Бетониран на дното на табелата

Во последната средба од деветтото коло на француската Лига 1 играа меѓу себе последните две екипи од рангирањето, а Клермон како гостин го победи Лион со 2:1.

До оваа недела беа единствените без победа, а по овој натпревар, угледниот Лион останува единствениот тим од Лига 1 без добиен натпревар.

Клермон по првите 45 минути дојде до предност од два гола. Стрелец беше Чам во 10 и Магнин во 35 минута. Цело второ полувреме Лион напаѓаше, но успеа само да намали.

Во 52. минута Ожие си постигна автогол, но Лион до крајот не успеа да дојде до бод.

Лион е на дното во табелата во Лига 1 со само 3 бода по девет одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбогатиот фудбалер во светот е слободен агент и си бара нов клуб

Фаик Болкија, сметан за најбогатиот фудбалер во светот поради огромното богатство на негов…