Дома Трансфер зона Кастиљехо после само една сезона се враќа во Шпанија

Кастиљехо после само една сезона се враќа во Шпанија

Саму Кастиљехо минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но најверојатно после само една сезона ќе се врати во Шпанија.

24-годишниот крилен фудбалер не се вклопува во формацијата на новиот тренер Џампаоло, па Милан е спремен да го продаде, иако играчот има договор со 2023 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат Валенсија и Севиља, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Италијанските медиуми тврдат дека во следните денови и официјално ќе започнат преговорите, а Милан е спремен да го пушти Кастиљехо за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.

https://youtu.be/ehIQjlflVXk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…