Дома Фудбал Останато Касиљас после поразот на Манчестер Јунајтед во дербито го „боцна“ Мурињо

Касиљас после поразот на Манчестер Јунајтед во дербито го „боцна“ Мурињо

На Жозе Мурињо не му оди баш најдобро во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во англиското првенство се наоѓаат дури на шестата позиција, а сега своите „пет минути“ ги дочека и Икер Касиљас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо после вчерашното дерби против Ливерпул кое Јунајтед го загуби со 3:1 изјави дека „црвените“ победиле среќно со што ги налути и онака разочараните навивачи.

Многумина се прашуваат кога Манчестер Јунајтед ќе го отпушти Мурињо. Преку друштвените мрежи сега се огласи Икер Касиљас кој е еден од оние кои немаат премногу респект кој Жозе.

Како што е добро познато, Мурињо беше причината што Касиљас го напушти Реал Мадрид. Одредени соиграчи на Касиљас подоцна истакнуваа дека Португалецот воопшто не го сакал легендарниот голман.

Сега Шпанецот преку Твитер одлучи да го „боцне“ Мурињо.

„Во португалските медиумо прочитав дека играч како мене кој има 37 години се наоѓа пред пензија. Се сложувам со тоа. Сепак, моето прашање до истите новинари е: Кога се тренерите во прашање, во кој момент станува јасно дека тие не можат да водат еден тим“, запраша Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид се договори со Родри, а потоа следуваше шок од Манчестер

Реал Мадрид сериозно започна обид за доведување на Родри од Манчестер Сити. Според информа…