Дома Фудбал Италија Касано: Во Јувентус имаат сериозен проблем кој го кријат

Касано: Во Јувентус имаат сериозен проблем кој го кријат

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано изјави дека во Јувентус постои голем проблем кој сега сите јасно го гледаат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус вчера освои само бод на свој терен против Сасуоло (2:2) тоа го искористи Интер кој ја превзема лидерската позиција. После натпреварот се огласи Касано и порача дека во Јувентус постои јасен проблем.

„Мислам дека Роналдо има голем проблем со Сари. Мораат да пронајдат некое решение бидејќи тој проблем почнува да наштетува на екипата. Во Јувентус имаат сериозен проблем, но засега успеваат да го скријат“, изјави Касано.

Тој исто така порача дека Џанлуиџи Буфон би требало да биде прв избор на голманската позиција.

„Буфон треба да брани бидејќи е подобра опција од Шчесни. Шчесни во Арсенал беше резерва кога во тимот беа Алмунија и Фабијански, тоа доволно зборува. Во Рома имаше една добра сезона, но никако не може да се споредува со Џиџи“, додаде Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баркoла во англискиот великан за 80 милиони евра!

Според британските медиуми, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Бредли Баркола, ќе го напушти ак…