Дома Останати Ракомет „Карачиќ во Скопје 18 месеци беше без плата, тешко дека и тука ќе прифати нешто слично“

„Карачиќ во Скопје 18 месеци беше без плата, тешко дека и тука ќе прифати нешто слично“

Актуелната ситуација во полски Кјелце не е баш најдобра, претседателот Сервас пред неколку дена се огласи со соопштение и побара трпение од играчите за да види како ќе се одвива ситуацијата понатаму.

Коронавирусот направи проблеми во Кјелце бидејќи најголемите спонзори на клубот ги преполовија вложувањата, па клубот не е во можност да ги исплати во целост играчите. На оваа тема зборуваше актуелниот стратег на полскиот тим Талант Душебаев. Како пример Душебаев го посочи Карачиќ кој беше во Вардар долго време и покрај проблемите со финансиите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да помогнам и да го дадам најдоброто, меѓутоа некогаш има моменти кога повеќе не можете колку и да сакате. Кога се финансиите во прашање луѓето мораат да имаат разбирање. Пример, ако Игор Карачиќ дојде во ситуација како во Скопје каде што 18 месеци немаше плата, а потоа и да му се намали никој не може да го обвини ако си замне. Ова е само пример, не сакам да ме сфатите дека станува збор за некаква сензација и заминување на Кара, такво нешто засега нема“, изјави Душебаев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…