Дома Македонски спорт Каратистите на „Макпетрол“ заминаа на турнир во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ заминаа на турнир во Шпанија

Македонските ререзентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска преку Софискиот аеродром отпатуваа за Мадрид, Шпанија за да учествуваат на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1.354 спортисти од 82 држави, што укажува на податокот дека овој турнир ќе биде многу силен. Турнирот е само за сениори-ки, и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:

1. Сара Радичевска -50 кг
2. Симона Заборска -55 кг,
3. Наташа Стефановска -61 кг
4. Моника Стефановска -68 кг
5. Петар Заборски -75 кг

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …