Во вчерашниот натпревар помеѓу Евертон и Тотенхем фудбалерот на домашната екипа Андре Гомеш заработи тешка повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот фудбалер доживеа фрактура на ногата поради која нема да го гледаме на теренот неколку месеци, а судијата Мартин Аткинсон после стартот покажа директен црвен картон на Сон.
Инаку, Сон имаше контакт со Гомеш кој подоцна несреќно настрада во дуелот со Орие, но очигледно Аткинсон не виде и Сон неоправдано беше исклучен.
Така смета и поранешниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер.
„Многу несреќен инцидент. Сон сакаше да го избегне, можете да видите и на снимката, тоа не е за црвен. Само клизна и се обиде да го запре, но ногата на Гомеш несреќно се заглави под ногата на Сон.“ – изјави Карагер и додаде:
„Орие дојде од спортивната страна и се судри со Гомеш, но ниту Сон ниту Орие не направија ништо за да се обвинат во оваа ситуација.“