Долго време се шпекулираше дека бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва ова лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Договорот на Тиаго Силва со ПСЖ истекува ова лето, а „светците“ воопшто не започнаа преговори за продолжување на соработката и веќе бараа негова замена.
Меѓутоа, францускиот клуб се премисли, па последните информации се дека сепак му понудиле нов договор на својот капитен.
Клубот очекува да се договори со Силва за намалување на платата од 14 милиони евра годишно и двете страни се блиску до договор.
Се очекува Бразилецот да потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.