Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан: Сакам да играм во Лигата на шампиони!

Капитенот на Милан: Сакам да играм во Лигата на шампиони!

Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли испрати јасна порака до клубот дека во блиска иднина сака да игра во Лигата на шампиони.

Ромањоли е еден од најдобрите дефанзивци на Апенините и за него се заинтересирани многу европски гиганти, но тој останува верен на „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Ромањоли испрати јасна порака до миланскиот гигант дека во блиска иднина сака да настапува во Лигата на шампиони.

„Посакувам да играм во Лигата на шампиони, мора да настапувам таму, тоа е место каде играчите се развиваат. Се надевам дека ќе го имам тоа искуство таму наскоро, тоа е од клучно значење за млади играчи како мене“, изјави Ромањоли.

Италијанските медиуми оваа изјава ја протолкуваа како притисок брз „росонерите“ и доколку Милан не обезбеди учество во Лигата на шампиони, Ромањоли може да побара трансфер наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Манчестер Јунајтед вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи со поразот од К…