Дома Македонски спорт Капитенот Крстевски: Секоја чест за Шпанија, но нема однапред да се предадеме!

Капитенот Крстевски: Секоја чест за Шпанија, но нема однапред да се предадеме!

Новиот капитен на националниот тим, Бојан Крстевски, е свесен кого ќе имаат против себе, но најавува голема борбеност, без предавање однапред.

„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, изјави Крстевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот со Шпанија Македонија го игра во петок од 19:30 часот.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…