Kaпитенот на Реал Мадрид, Начо одлучил да ја прифати понудата од саудискиот Ал Кадсиах и од наредната сезона ќе настапува во овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Начо така ќе си замина од гигантот од Мадрид по цели 23 години откако во клубот пристигна во 2001 година.
Дефанзивецот се договорил со Ал Кадсиах и ќе потпише договор до јуни 2026. Финансиските услови од договорот засега не се откриени.
Реал Мадрид веќе бил информиран за одлуката на Начо, па така ќе мора да пронајде негова замена.