Дома Фудбал Останато Капело предвидува едно изненадување во Лигата на шампионите

Капело предвидува едно изненадување во Лигата на шампионите

Легендарниот Италијанец е убеден дека Џенаро Гатузо може да го изненади Кике Сетиен.

Барселона и Наполи на 8. август ќе го играат реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите откако во февруари ремизираа на „Сан Паоло“ 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи од тогаш констатно ја крева формата, додека во играта на Барса има забележител пад во формата и не чуди тоа што многумина веруваат дека Наполи може да ги изненади Каталонците.

„Наполи е навистина организиран тим и мислам дека на Барса ќе и биде проблем. Се надевам дека ќе останат на ова ниво на кое што се сега и во наредните недели. Барса пати, посебно во одбраната и тоа е нивни голем проблем“, изјави Капело.

Капело даде свој коментар и за натпреварот Јувентус – Лион.

„Не можам да гарантирам 100%, но со овие играчи кои ги има Јувентус и покрај поразот од 0:1 мислам дека ќе немаат проблеми да поминат во наредната рунда“, изјави Капело. Ќе потсетиме, завршницата во Лигата на шампионите е на програмата од 12 до 23 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…