Дома Фудбал Останато Капело: Ми се гади од овој Милан, го покажаа своето најлошо лице

Капело: Ми се гади од овој Милан, го покажаа своето најлошо лице

Фабио Капело даде интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое помеѓу другото зборуваше и за ситуацијата во Милан. На Капело не му се допаѓа односот кој клубот го имал кон Бобан и Малдини.

Ќе потсетиме, Бобан беше избркан после судирот со првиот оперативец на клубот Иван Газидис, а Малдини е маргинилизиран и планот е да биде заменет од Ралф Рагник на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бобан и Малдини во минатото беа и фудбалери на Милан, играа под водство на Капело во 90-тите години, а минатото лето добија место во раководството. Бобан веќе ја изгуби таа позиција, додека Малдини се уште е на позиција, но само формално.

„Скандалозен е начинот на кој клубот се однесуваше кон Бобан и Малдини. Ми се гади овој Милан поради тоа, го покажаа своето најлошо лице. Ја би постапил исто како Бобан и никогаш повеќе не би се вратил во Милан. Достоинството секогаш треба да биде на прво место и мора да се почитува“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…